Фалон: Русија реши да му стане конкурент на Западот

Русија почна да ја води војната во Сирија поагресивно и реши да стане „конкурент, а не партнер“ на Западот, изјави во неделата, 9 октомври, во програмата на Би-Би-Си министерот за обрана на Велика Британија Мајкл Фалон.

Русија почна да ја води војната во Сирија поагресивно и реши да стане „конкурент, а не партнер“ на Западот, изјави во неделата, 9 октомври, во програмата на Би-Би-Си министерот за обрана на Велика Британија Мајкл Фалон.

„Се надевавме дека Русија ќе стане партнер за нас на Западот, но очигледно, Русија реши да стане конкурент. Тие (Русите) покажуваа мускули во Црното море, тие го милитаризираа Крим, видовме каков притисок беше извршен врз земјите во Прибалтикот“, изјави шефот на британската одбрана, обвинувајќи ја Москва исто така за мешање во текот на гласањата во други земји, вклучувајќи го референдумот во Холандија за спогодбата за асоцијација на Украина со Европската унија.

Покрај тоа, Фалон изјави дека наместо борба во Сирија со „Исламската држава“ Русија го поддржува режимот на Асад. Москва, според него, се залага за продолжување на граѓанската војна во таа земја, „толерирајќи ги бомбардирањата врз цивилното население и, можно е, самостојно занимавајќи се со такви бомбардирања“.

Истовремено министерот за одбрана призна дека можностите на Велика Британија за помош на опсадените во Алепо се ограничени. „Ние ќе продолжиме да работиме на тоа (давање помош), но невозможно е да се создадат безбедни зони (во Алепо), ако не бидеме сигурни дека Русија нема да ги нападне нашите авиони“, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња