„САД префарбаа еден свој F-18 во маскирните бои на руските авиони во Сирија“, пишува Канаѓанецот на „Твитер“, веројатно не знаејќи дека постои некоја посебна камуфлажа за руските авиони кои оперираат во Сирија. „САД ги користат „авионите на агресорот“ за обука на своите пилоти. Сега тие авиони според боите личат на руските“, додава тој подоцна.
Ако Американците во лет ги снима од земја полупрофесионална камера, тие со ништо нема да се разликуваат од руските Су-34. Единствената разлика е белата ѕвезда на темната позадина. Но на опашката, како и на руските авиони, стои црвена ѕвезда, пренесува „Взгљад“.
За тоа дека Американците ги префарбаа своите ловци F-16 за обука на пилотите за да личат на руските ловци Су-35, а заради што поголема уверливост на крилата додадоа црвени ѕвезди, пишуваше „Ер Форс Тајмс“ уште во август оваа година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче