Путин изјави дека Русија го има потребниот потенцијал во телеграмата по повод Денот на работникот во земјоделството и преработувачката индустрија, пренесува „РТ на руски“.
„Сигурен сум дека нашите производители можат не само во целосен обем да го обезбедат внатрешниот пазар со квалитетни прехранбени продукти: ние имаме потенцијал Русија да стане еден од најголемите производители на храна во светот. Тоа е голема, но, ќе потенцирам, апсолутно реалистична задача најважно е континуирано да се движиме кон поставената цел“, се вели во соопштението што го објави Кремљ.
Рускиот лидер им го честиташе на работниците во агроиндустрискиот комплекс празникот и истовремено им се заблагодари за работата, посветеноста и придонесот во развојот на земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче