Изјавите на западните лидери во однос на претседателот на Русија Владимир Путин се градат според принципот „кој кого ќе натплука“, смета шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.
„Во однос на Владимир Путин во некои западни главни градови стана „норма за добри манири“ да се зборува со епитети според принципот „кој кого ќе натплука“, изјави Лавров во интервју за финалната информативно-аналитичка емисија „Неделно Време“ на телевизијата „Прв канал“, пренесува „Интерфакс“.
„Овде, веројатно, е присутен личен момент. Не можам да се сетам ниту еднаш претседателот на Руската Федерација Владимир Путин некако без почит да се изразил за некого од своите колеги, независно од тоа што тој колега презел или кажал против Руската Федерација“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче