Лавров го обвинува Вашингтон за загрозување на безбедноста на Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров соопшти дека односите со Вашингтон се толку променети, што тоа ја става во опасност безбедноста на земјата.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров соопшти дека односите со Вашингтон се толку променети, што тоа ја става во опасност безбедноста на земјата. Ова тој го изјави во интервју за телевизијата „Прв канал“, додека видеозаписот е објавен на „Јутјуб“-каналот на МНР Русија.

„Видовме коренита промена на околностите во она што се однесува на агресивната русофобија, кога во моментов лежи во основата на политиката на САД спрема Русија. Не се работи едноставно за реторичка русофобија, туку за агресивни чекори кои реално навлегуваат во нашите национални интереси, ја ставаат во опасност нашата безбедност“, изјави Лавров, пренесува „Лента.ру“.

На пример, тој го истакна доближувањето на силите на НАТО и сојузниците на Алијансата до руските граници. „Се разбира, санкциите се показ на недругарски, би рекол, непријателски дејствија“, додаде шефот на МНР РФ.

Лавров исто така изјави дека суспендираниот договор со Вашингтон за рециклирање на плутониумот „едноставно не функционираше“. Тој појасни дека САД наместо исполнување на договорот и изградба на фабрика за претворање на резервите во гориво за нуклеарните реактори изразиле намера да го разредуваат плутониумот и да го чуваат во природни резервоари.

„Но, тоа е повратен потенцијал. Потоа можат повторно да го сконцентрираат и тоа ќе биде плутониум за оружје“, истакна шефот на МНР РФ. Тој додаде дека таквата опција при изготвувањето на договорот била отфрлена.

„Ние излеговме од договорот, иако јасно преку договорот и преку претседателот лично изјавивме дека плутониумот, кој потпаѓа под тој договор, нема да го користиме за воени цели под никакви услови. Тоа е нашата обврска“, потенцираше Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња