Во Ингушетија ликвидиран емисар на „Исламската држава“

Меѓу ликвидираните терористи во Ингушетија е идентификуван и емисар на „Исламската држава“ кој пристигнал од Сирија, објави Националниот антитерористички комитет на Русија (НАК).

„Преговорите не доведоа до посакуваниот резултат: припадниците на органите за спроведување на законот им понудија на бандитите да се предадат, а како одговор терористите отворија оган. Силите за специјални намени во Назрањ елиминираа четворица терористи и уште двајца во селото Гази Јурт“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на НАК.

Според првичните податоци, меѓу загинатите бандити е и емисар на „Исламската држава“ - Забајри Саутиев. На местото на судирот се пронајдени оружје, експлозивни направи и два појаси за бомбаши-самоубијци.

„Еден од елиминираните терористи е емисар, кој според податоците на специјалните служби е испратен од Сирија за да подготвува терористички напади на територијата на нашата република“, изјави раководителот на Ингушетија Јунус Бек Евкуров. Тој додаде дека терористите се подготвувале да извршат напад на фестивалот на културата и спортот на кавкаските народи што се одржа на 25 септември во Назрањ, но оперативните безбедносни служби не им го дозволиле тоа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња