Корисниците на социјалните мрежи го обвинија претседателот на Украина Петро Порошенко дека лажел кога изјави дека учествувал во борби додека служел во советската армија.
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Станислав Речински на својата страница на Фејсбук напиша дека, според официјалната биографија, Порошенко бил повикан во војска кога бил втора година на Факултетот за меѓународни односи и меѓународно право на Киевскиот државен универзитет. Тој почнал да служи во единицата за ПВО во казахстанскиот град Актјубинск (денешен Актобе), а завршил со служењето во Киевската област поради раѓањето на неговиот син Алексеј.
„Какви... борбени дејствија? Дури и да претпоставиме дека бил пратен во Авганистан, малку веројатно е припадник на ПВО да биде пратен таму“, истакна Речински, пренесува „Лента.ру“.
Дека изјавата на Порошенко не одговара на податоците од неговата биографија укажа и волонтерот, поранешен возач на тркачки автомобили Алексеј Мочанов. „Би било интересно да се чуе што хроничарите на „Првиот канал“ би можеле да кажат за борбените дејствија на припадникот на ПВО Петро Порошенко... Навистина би сакал да знам: каде служел Петро Порошенко, со кого и каде учествуваl во борбени дејствија, со кого и против кого, треба да се најдат другарите од војска и очевидци, офицери и војници“, напиша тој на својот „Фејсбук“ профил.
„Во спротивно претседателот пред целата земја, пред камерите не би рекол дека учествувал во борбени дејствија. Му верувам на претседателот! Него го избраа 9,5 милиони мои сонародници, жители на мојата сакана земја. За што понизно и длабоко им се заблагодарам“, иронично коментираше Мочанов.
Порошенко на 6 октомври, на средба со студенти му препорача на студент по историја кога ќе дипломира да отиде во зоната на борбени дејствија во Донбас.
„Кога ќе дипломирате треба да одите во воениот отсек и да поминете една година во антитерористичката операција. Јас поминал две години во советската војска и учествував во борбени дејствија“, изјави претседателот на Украина, но не прецизираше каде точно војувал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче