МО РФ: Руски воени бази може да се појават на Куба и во Виетнам

Министерството за одбрана на Русија работи на прашања за можно враќање на Куба и во Виетнам, каде претходно се наоѓаа советски воени бази, соопшти во Државната Дума заменик-министерот за одбрана на РФ Николај Панков.

„Се занимаваме со таа работа“, изјави Панков, пренесува „Взгљад“. Според него, во моментов раководството на Министерството за одбрана ги ревидира одлуките кои беа донесени за затворање на базите во овие земји.

На крајот на мај минатата година одред бродови на Тихоокеанската флота на Русија пристигна во Виетнам.

Покрај тоа, во октомври минатата година руското МНР ги негираше плановите за отворање воени бази на Куба.

Истиот месец, по средбата на копретседавачите на руско-кубанската меѓувладина комисија беше соопштено дека во најскоро време на Куба може да биде создаден центар за ремонт на авиони.

На 20 октомври минатата година министерот за одбрана на РФ генерал на армија Сергеј Шојгу на средбата со заменик-премиерот на Куба Рикардо Кабриас изјави дека можностите за развој на воено-техничката соработка меѓу Русија и Куба ќе бидат разгледувани од комисијата за воено-техничка соработка.

На 17 јули 2014 претседателот на Русија Владимир Путин негираше распоредување на руски радарски систем во Лурдес на Куба. Системот беше направен од СССР на Куба во 1960-те години. Станицата беше наменета за следење на лансирањата на американските ракети, како и за електронско прислушување. Таа се користеше и за одржување постојана врска со руските амбасади во Латинска Америка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња