Порталот „На Линија” ја коментира денешната изјава на шефот на надворешнополитичкиот комитет на германскиот парламент Норберт Ретген кој најави нови санкции на Германија против Русија поради ситуацијата во Сирија.
Интересно е дека информациите за тоа дека Германија подготвува санкции против Русија најпрвин се појавија во американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“, додека германските политичари цел ден на прашањата на новинарите само ги креваа рамениците. Тоа е сосема логично: ВСЏ има база во Њујорк, што значи дека е многу поблиску до центарот на носење на политичките одлуки на Германија отколку некои си таму Германци, коментира иронично аналитичарот на порталот „На Линија“.
Но, веќе денес Норберт Ретген во името на германскиот парламент објаснува зошто се неопходни антируските санкции. Прво, затоа што „отсуството на одговор на страшните воени злосторства би било скандалозно“. Второ, затоа што „порано или подоцна, санкциите ќе влијаат на руската политика“, се вели во текстот.
Иако европските чиновници знаат дека Русија од самостојните операции во Сирија има повеќе корист отколку штета што ќе ѝ нанесат какви било санкции, тие не се слободни луѓе. „Затоа дури и шефот на парламентарната дипломатија на Германија е принуден да ги повторува мантрите кои му доаѓаат од врвот за „страшните воени злосторства“ и „принудувањето на Русија да ја промени својата политика“. Дури и ако не верува во реалноста ни на едното ни на другото“.
Сѐ што се случува е сосема нормално. САД повикуваат на нови санкции, и веднаш добиваат „меѓународна поддршка“, се вели во текстот на „На Линија“.
Германските политичари кои водат таква политика, додуша, губат поени на домашната сцена, но затоа ќе добијат компензација за нивната лојалност кон САД во понатамошната кариера како претставници на НАТО или на ЕУ.
Тоа, драги читатели, се нарекува „недостиг на државен суверенитет”, заклучува аналитичарот на порталот „На Линија”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче