Шојгу: Русија за една година успеа да ја стабилизира ситуацијата во Сирија

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека за една година од руската интервенција во Сирија ситуацијата во таа земја е стабилизирана.

Сергеј Шојгу даде ваква изјава во текот на воено-техничката конференција посветена на усовршувањето на оружјето врз основа на искуството стекнато во Сирија.

„Наврши една година откако нашите Вооружени сили спроведуваат борбени задачи во Сириската  Арапска Република. За тоа време успеавме да ја стабилизираме ситуацијата во земјата, да ослободиме значителен дел од нејзината територија од бандите меѓународни терористи, да ја организираме работата на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни“, рече Шојгу, пренесува РИА „Новости“.

„Стекнавме практично искуство во користењето на високопрецизно оружје со голем дострел од бродовите и подморниците во Каспиското и Средоземното море. Авионите на стратешката авијација во вистински воени услови првпат ги користеа новите ракети со воздушно базирање Х-101 со дострел до 4,5 илјади километри“, рече Шојгу.

„Современото домашно оружје е проверено во тешки пустински услови и се покажа како сигурно и ефикасно“, рече министерот. 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња