Автомобилите во Русија можат да добијат „црни кутии“

Од 2020 година можно е сите нови автомобили да имаат „црна кутија“ која ќе го следи почитувањето на сообраќајните правила.

Почитувањето на сообраќајните правила во Русија може да почне да се следи со помош на специјални уреди во самите возила. Владата на РФ предложени од 2020 година да се инсталираат „црни кутии“ во сите нови автомобили кои се продаваат на територијата на земјата, пишува „Известија“

Овие уреди ќе ги регистрираат параметрите на движење на средствата за транспорт користејќи ги сигналите на рускиот сателитски систем ГЛОНАСС, ќе ги чуваат и ќе ги испраќаат за обработка во единствениот државен центар.

Тој центар, на предлог на заменик-министерот за транспорт на Руската Федерација Алексеј Циденов, ќе ги процесира информациите од тахографите и другите технички уреди со мерни функции.

Инфраструктурата за ваквиот центар веќе постои во Русија - на 1 јануари беше пуштен во работа системот за „Итна реакција во случај на несреќи“ врз основа на ГЛОНАСС. Некои фабрики за автомобили веќе почнаа со производство на возила со вградени терминали (руската Лада, Мерцедес, Бентли и некои други марки).

Системот за пренос на навигациската информација е замислен како инструмент за осигурување и безбедност, но тоа исто така може да биде употребен и за регистрирање на прекршувањата на сообраќајните правила и да ги повика прекршителите на административна одговорност. Информациите за прекршоците ги добива во Државната сообраќајната полиција (ГАИ), пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња