Американски генерали за идната војна против Русија и Кина

Американски генерали дадоа своја оценка за идната војна со Русија и Кина.

Американски генерали изјавија дека идната војна против Русија и Кина ќе биде брза и ќе доведе до многубројни жртви. Овие процени се слушнаа на годишната конференција на Асоцијацијата на Армијата на САД во Вашингтон, соопштува „Индепендент“.

Според информациите на весникот, на 4 октомври, началникот на штабот на Армијата на САД Марк Мили искажал мислење дека идната масовна војна е „практично неизбежна“.

Од своја страна генерал-мајор Вилијам Хикс истакнал дека „секој конфликт со употреба на конвенционално оружје во најблиска иднина ќе се одвива крајно брзо и ќе доведе до колосални жртви“. „Ние не можеме да го запреме по своја желба“, додал тој.

Како што објаснил Хикс, тоа е предизвикано пред сѐ од масовната автоматизација на средствата за водење воени дејствија и развојот на вештачката интелигенција. Според генералот, успесите на Русија и Кина во воената изградба и создавањето нови технологии ја принудиле Белата куќа да почне да се подготвува за војна со размери какви што американската армија не видела уште од времето на Корејската војна.

Со него се согласил и заменик-началникот на штабот на Армијата на САД генерал-потполковник Џозеф Андерсон. Според него, САД се соочуваат со егзистенцијални закани од страна на земји кои „дејствуваат агресивно во она што се однесува на соперништвото во воената сфера“, како што е Русија. Брзиот развој на Русија и Кина може да доведе САД да ја загубат надмоќта во воздух, а тоа ќе донесе проблеми и за армијата и за флотата, истакнал тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња