Промена на раководството на Државната Дума

Започна со работа новиот состав на Државната Дума.

За спикер на седмиот состав на Државната Дума на РФ е избран Вјачеслав Володин, кој ја извршуваше функцијата прв заменик-раководител на администрацијата на претседателот на Русија. Кандидатурата на Володин ја поддржаа 404 пратеници, пренесува „Комерсант“.

Покрај тоа, на првата седница беа избрани шест потпретседатели на парламентот.  Тоа се четворица претставници на партијата „Единствена Русија“ - Сергеј Неверов,  Владимир Васиљев, Ирина Јароваја и Петар Толстој и претставниците од Либерално-демократската партија на Русија и „Праведна Русија“ Игор Лебедев и Ољга Епифанова. Први заменици-потпретседатели на претставничкиот дом станаа пратеникот од „Единствена Русија“ Александар Жуков и пратеник од Комунистичката партија на РФ Иван Мељников.

Владимир Путин со указ го вклучи Вјачеслав Володин во состав на Советот за безбедност на Русија.  

Претходно на местото на Вјачеслав Володин на местото прв-заменик раководител на администрацијата на претседателот на Русија беше назначен Сергеј Кириенко.

Кандидатурата на Вјачеслав Володин ја препорача лидерот на партијата Владимир Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња