„Одбранбениот сојуз НАТО, како што го нарекува Кери во своето обраќање до руските граѓани, кои имено одбранбени операции ги спроведе во времето по распадот на СССР? Кој ќе ми раскаже?
Или поедноставно: кои од спроведените операции на НАТО беа одбрана на Алијансата?“.
Ова е коментарот на „Фејсбук“ на авторот и водител на емисијата „Меѓународен преглед“ на телевизијата „Русија 24“ по повод денешното обраќање на државниот секретар на САД Џон Кери до руските граѓани.
Кери во текот на неговиот говор во Брисел се обрати до рускиот народ, изјавувајќи дека НАТО „не се стреми да ја ослаби, одврати или предизвика“ Русија.
„НАТО е одбранбен сојуз и Русите особено треба да знаат дека, без оглед на тоа што им го зборуваат нивните лидери, нашиот сојуз нема намера да ја ослаби, одврати или предизвика нивната земја, како и која било друга земја во светот. Ние сакаме да соработуваме со таа Русија која, како и ние, си постави за цел да ги реши заедничките проблеми“, потенцираше Џон Кери.
„Но желбата на НАТО и ЕУ да најдат заеднички јазик со Русија не нѐ ослободува од обврските да ги браниме нашите вредности во името на слободата и меѓународното право. Токму затоа ние поддржуваме стабилна, обединета и демократска Украина и Москва не треба да се сомнева во тоа. Ние ќе ги штитиме нашите вредности. Никој од нас не е подготвен да прифати директна агресија. И никој на светот не го разбира тоа подобро од Европа“, истакна Џон Кери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче