Подобрувањето на техничката опременост и модернизацијата на руските вооружени сили во северниот регион предизвикуваат вознемиреност во НАТО, како и кај официјалните претставници на Норвешка и САД, пишува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на командантот на силите на одбраната на Норвешка Хакон Брун-Хансен.
Според адмиралот, кого го цитира изданието, руските и западните воени потенцијали „почнаа да се доближуваат многу блиску еден до друг, како што беше за време на Студената војна“.
Притоа тој истакна дека сега „се работи за нови типови на платформи, нови типови на сензори, нови видови на системи за вооружување кои се многу пофлексибилни и многу поефикасни од оние кои ги имаше во Студената војна“. Адмиралот верува дека Норвешка треба да го зајакне следењето на новите „тивки“ подморници во Русија, како и на авионите и бродовите.
Официјални претставници на НАТО исто така изјавија за весникот дека веќе ги активизирале поморските маневри во рамките на акцијата за „одвраќање на руската агресија“. На пример, во текот на летото во Норвешкото Море се одржаа вежби со учество на подморници од осум сојузничките земји. Како што истакна претставник на Алијансат, за одвраќање на тензиите неопходно е да се преземат и дипломатски мерки, бидејќи во овој регион се наоѓаат пет членки на НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче