„Сите мали пакости ја покажуваат состојбата на руско-американските односи, кои се најлоши од ерата на студената војна“, вели Караганов и додава дека се појавија елементи на воено-политичка затегнатост, дека се водат непрестајни разговори за тоа дали „Американците ќе ни пратат авиони и ќе ги блокираат нашите во Сирија“. Сето тоа може да се претвори во директен судир, вели тој. Но и изразува надеж дека ќе надвладее разумот.
„САД не ги интересира ниедно мислење кое се разликува од нивното, ниедни аргументи кои не одговараат на нивните интереси, ниедни меѓународни механизми, па дури ни Обединетите нации“, изјави за „Взгљад“ политикологот, директор на Меѓународниот институт за нови држави Алексеј Мартинов.
„Во последно време во нивните изјави сѐ почесто се слушаат антируски тези, затоа што Русија е единствената која му кажува на грубијанот дека е грубијан, која има сила и совест за тоа“, вели соговорникот.
„Русија притоа не се откажува од своите позиции, своите национални интереси“ нагласува тој. „Желбата на САД да ѝ наштетат на Русија на секој чекор ќе продолжи сѐ додека не наидат на ѕид“, смета Мартинов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче