САД ја обвинуваат Русија за припишување на заслугите за Сирија

Вашингтон ја обвини Москва за присвојување на заслугите на меѓународната коалиција во Сирија. Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин го нарече ставот на САД „нетактичен“.

Со обвинувања против Москва истапи портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Неговата изјава дојде по одлуката на Вашингтон да ја прекине соработката со Москва во Сирија. МНР Русија ја изрази својата разочараност од позицијата на САД, објаснувајќи ја со неспособноста на Американците да ги исполнат обврските преземени во рамките на договорот за решавање на конфликтот.

Сензационална изјава претходно беше дадена од портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Според него, во текот на изминатите седум месеци, Воздушно-космичките сили на Русија не постигнале „ниту една цел во борбата против ИД“ во Сирија.

„Наместо тоа, тие мораа да изјавуваат дека реализирале успешни операции кои беа спроведени од САД и нашите коалициони партнери“, истакна тој, одбивајќи да наведе конкретни примери за „припишувањето“ на заслугите од страна на Москва, пренесува РИА „Новости“.

Претставникот на американската администрација исто така предупреди дека на трпението на СД во однос на руската операција во Сирија му доаѓа крајот. Притоа тој истакна дека ставот на Вашингтон го делат „сите останати“.

Според Ернест, режимот на Башар Асад во Сирија во моментов го поддржуваат само Русија и Иран.

Зборовите на портпаролот на Белата куќа подоцна ги коментираше постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин. Според дипломатот, на изјавата на Џош Ернест треба да се гледа „благо кажано, како на нетактикчност“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња