Чуркин изјави дека во текот на состанокот на СБ ООН во понеделникот руската делегација презентирала „предлог-резолуција на Советот за безбедност на ООН, за чие предлагање зборуваше нашиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на општополитичката дискусија во Генералното собрание на 23 септември“, пренесува РИА „Новости“.
Како што истакна Чуркин, руската предлог-резолуција ги содржи најефикасните антитерористички материјали на Советот за безбедност. „Покрај превентивните и казнените мерки на национално ниво, резолуцијата предвидува и координирање активности од страна на ООН, на пример, соодветна „доградба“ на антитерористичкиот санкциски механизам на СБ“, изјави тој.
Според зборовите на Чуркин, во документот исто така се пропишани мерки за засилување на меѓународната соработка во борбата против терористичката идеологија, „вклучувајќи размена на информации, соработка во истрагите на злосторствата, вклучување профилни меѓународни и регионални организации“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче