Денес се одбележуваат 15 години од соборувањето на авионот Ту-154 кој леташе од Тел Авив за Новосибирск. Во авионот се наоѓаа 78 луѓе. Пред спомен-плоча со имињата на загинатите во Новосибирск утрово се собраа членовите на нивните семејства. Виновниците за соборувањето на авионот сѐ уште не се казнети.
Несреќата се случи за време на маневрите на украинската противвоздушна одбрана. Истрагата на Меѓудржавниот авијациски комитет утврди: авионот бил погоден со ракета на украинскиот противавионски систем С-200. Но, Киев не ја призна вината. Сепак, претседателот Леонид Кучма на средба со новинарите во 2001 година изјави „секаде се случуваат грешки“.
Украинската армија тој ден, 4 октомври, покани на маневрите голем број на новинари. Им беше ветено и истрелување на голем број на ракети. Според податоците на ПВО Украина, истрелани се 23 ракети. Новинарите го снимаа целиот настан, пишува сајтот на телевизијата „Прв канал“.
Овие кадри беа чувани во архивите 15 години. Дека на полигонот на Крим, каде што се одржуваа маневрите „нешто не е во ред“ беше јасно кога украински високи воени претставници неочекувано го прекина разговорот со новинарите и издадоа наредба да се уништат неколку веќе истрелани ракети. Нешто пред тоа рускиот патнички авион Ту-154 исчезна од радарите над Црното Море на 200 километри од полигонот. Воздушниот простор во таа област не беше затворен.
Сите 78 патници загинаа. Подоцна се пронајдени и идентификувани само 16 тела. Ниту црната кутија, ниту крупните делови од авиона не се пронајдени.
Сето тоа укажуваше дека авионот го соборила украинска ракета, но украинските власти го негираа тоа.
Украинските власти, меѓутоа, им исплатија компензација на семејствата на загинатите – по 200 илјади долари, велејќи дека тоа не е признавање на вината, туку гест на добра волја. Авиокомпанијата „Сибир“, која е сопственик на авионот, не доби ништо. А Украина измислуваше различни верзии за настанот.
Украинското обвинителство неколку пати отвораше и затвораше кривична истрага за оваа несреќа. Во 2004 година случајот конечно беше затворен поради недостаток на клучни докази: остатоците од проектилот кои лежеа на дното на морето.
Многумина денес ја споредуваат оваа несреќа со актуелното прашање за соборувањето на малезискиот „Боинг“ над Донбас во 2014 година. Овие трагедии не само што се слични по тоа што двете летала беа соборени со ракети, туку и според уште еден важен детаљ. Никој не ја затвори потенцијално опасната зона над местото на одржувањето на маневрите во 2001 година, ниту пак над зоната на борбените дејствија во 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче