Министерството за надворешни работи на Русија е длабоко разочарано од одлуката на САД да ги запре преговорите со Москва за постигнување примирје во Сирија и смета дека Вашингтон е подготвен да соработува со терористите. Ова се вели во коментарот објавен на веб-страницата на рускиот надворешнополитички ресор.
МНР истакнува дека американската страна истапила против повлекувањето на еднакво растојание од патот Кастело на владините сириски сили и силите на опозицијата, со што ќе се отвореше пат за испорака на хуманитарна помош во Алепо. Покрај тоа, Вашингтон ја покрива во Сирија терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ „како штит за опозициските формации кои се споија со неа, а кои формално го потврдија учеството во режимот на прекин на борбените дејствија“, се наведува во соопштението.
Рускиот дипломатски ресор исто така потенцира дека САД никогаш не вршеле реален притисок врз членовите на групата и не преземале чекори за одделување на умерената опозиција од неа. „Се зацврстува нашиот впечаток дека во намерата да се постигне посакуваната промена на власта во Дамаск, Вашингтон е подготвен „да склучи договор со ѓаволот“ – да склучи сојуз со докажани терористи кои сонуваат да ја вратат историјата и кои со сила ги наметнуваат своите нечовечки норми“, се истакнува во изјавата што ја пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче