САД сметаат дека Русија распоредила во Сирија најнови ПВО-системи ПВО С-300ВМ (SA-23 Gladiator според терминологијата на НАТО), соопшти телевизијата „Фокс Њуз“ повикувајќи се на три неименувани извори во САД.
Можностите на овој систем вклучуваат пресретнување на авиони и крстосувачки ракети кои се во составот на САД, прецизира телевизијата. Според информациите на американските извори, елементи на С-300 се наоѓаат „на доковите“ на руската база во Тартус. Компонентите на системот засега не се распоредени, тврдат во американската разузнавачка заедница, прецизира „Фокс Њуз“.
На прашањето против кого можат да бидат насочени наведените системи, претставниците на САД одговорија саркастично, потсетувајќи дека терористичките групи во Сирија немаат авиони и крстосувачки ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче