Изјавата на високиот комесар на ООН за човекови права, јорданскиот принц Заид Раад ал-Хусеин, за „неопходноста да се ограничи правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на ООН во случај на воени злосторства“, која тој ја даде во врска со ослободувањето на Алепо од милитантите – има, се разбира, само една смисла, пишува порталот „На Линија“.
Неговата формулација „Јас цврсто верувам дека е време за силно лидерство“ во принцип зборува самата за себе. Ако дипломецот на Кембриџ и универзитетот „Џон Хопкинс“, ветеранот на многу западни „меѓународни организации“ во екот на борбите за Алепо предлага „силно лидерство“ и „укинување на правото на вето“ – тогаш тоа во превод звучи вака: „Неопходно е да им се одземе правото на вето на Кина и Руската Федерација и да се решава сѐ со мнозинство гласови кое газдите го имаат“. Зашто постојани членки на Советот за безбедност се САД, Велика Британија и Франција – односно, тие трите имаат целосно и безусловно мнозинство за било која причина, вклучувајќи го и прашањето во случај на нуклеарно бомбардирање на Русија и Кина.
Она што е важно, сепак, да се разбере е дека таквата иницијатива, во принцип, е едноставно млатење празна слама, затоа што кога ќе биде ставена на гласање таа сигурно ќе добие вето од Русија или Кина, или и од двете одеднаш.
Ако љубителите на униполарноста и силното лидерство (што важи за ОН исто како и слободата на вероисповед во манастир: ООН се должни да бидат инструмент за компромис на силите) сили, а не на некоја друг сила) тргнат на промена на Повелбата и покрај постојните правила - тоа би значело а) фактички преврат во Организацијата, и б) крајот на нејзиното постоење.
Во принцип, не смее да се исклучи дека токму на слабеење и уништување на Обединетите нации како инструмент на меѓународната политика во моментов се надеваат витезите на Pax Americana. На крајот на краиштата, ООН се една од последните големи меѓународни организации на XX век кои не се трансформираа во XXI век во „принтер на американските одлуки“.
Но, поверојатното сценарио е она што се случува е само елемент на информативната војна, која во случајот со Сирија од петни жили се обидува да ја победи реалната воена сила на Сирија, Русија, Иран и да ги спаси антивладините милитантни групи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче