„За жал, од самиот почеток имаше голем број на оние кои сакаат да го расипат тој договор, вклучително и во американската администрација. Како што знаете, за огромна жал, вчера успеаја да го направат тоа - оние кои истапуваа против политичко решение на кризата во Сирија, против спроведувањето на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН и кои јасно изнесуваат планови за насилно сценарио“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.
„Поради овие внатрешни противречности САД не беа во состојба да ги исполнат своите обврски во рамките на нашиот договор со нив. Не само во однос на диференцијата на умерената опозиција од „Џебхат ан-Нусра“, туку во однос на многу јасните, конкретни заложби за деблокирање на патот Кастело како главна артерија за решавање на хуманитарните проблеми на Алепо. Тоа е тажно и жално“, рече Лавров.
Лавров потенцираше дека Русија не се откажува од одговорноста за ситуацијата во Сирија. „Со оглед на фактот дека целиот свет гледа во Русија во врска со ситуацијата во Алепо, се надевам дека сепак ќе гледаат и на други страни, затоа што во спротивно може да се превидат активностите на оние кои продолжуваат да ги потпомагаат терористите, кои не се во можност да ги одвојат бандитите од умерената опозиција“, изјави тој.
„Затоа, ние не бегаме од нашата одговорност, но сметаме дека единствено колективно, единствено заедно со САД и Европа, и со сите клучни земји во регионот може да се реши оваа криза. Инаку ќе излезе обид повторно да се создадат услови за насилно сценарио. Тоа е неприфатливо за земјите од регионот, за либанскиот народ, и за секој од нормалните политичари во современиот свет“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче