Во Русија уапсен полковник на украинското разузнавање

Припадниците на Федералната служба за безбедност на Русија го уапсија полковникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина Роман Сушченко, кој собирал строго доверливи податоци за активностите на Вооружените сили и Националната гарда на Русија.

Според информациите на ФСБ, уапсениот државјанин на Русија прибирал податоци кои претставуваат државна тајна. Поднесена е кривична пријава за шпионажа. Истрагата е во тек, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Претходно членот на Општествената набљудувачка комисија на Москва Зоја Светова соопшти за РИА „Новости“ за апсењето на Сушченко, кој според нејзините сознанија, се претставувал како новинар на агенцијата „Укринформ“.

Коментирајќи ја оваа ситуација, министерот за информации на Украина Јуриј Стец изјави дека неговиот ресор внимателно ја следи ситуацијата, а правното одделение на министерството прибира информации за околностите под кои е уапсен Сушченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња