Путин со честитки по повод Денот на германското обединување

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е неопходно да се зачува позитивниот потенцијал на руско-германското партнерство и да се продолжи конструктивниот дијалог, соопшти во понеделникот прес-службата на Кремљ.

Путин им го честиташе на претседателот на Геманија Јоахим Гаук и на канцеларката Ангела Меркел националниот празник – Денот на германското обединување.

Во телеграмата со честитки претседателот на РФ истакна дека обединувањето на Германија значеше почеток на нова етапа во историјата на односите меѓу двете земји, обележан со значителни успеси во развојот на заемно поволната билатерална соработка во сите правци.

„Претседателот на Русија потенцираше дека во сегашните сложени меѓународни услови е крајно важно да се зачува позитивниот потенцијал на руско-германското партнерство, да се продолжи дијалогот за актуелните прашања од билатералните односи и клучните проблеми на светската политика во интерес на народите на двете држави и цела Европа“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

На денешен ден во 1990 година Германската демократска република (ГДР) официјално ѝ пристапи на Сојузната Република Германија (СРГ) и овој ден се слави како државен празник во денешна Германија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња