МНР РФ: Имаме сериозни несогласувања со САД за Сирија

Москва и Вашингтон се наоѓаат на етапа на остро концептуално „размеѓување“ по прашањето за сириското регулирање, изјави во интервју за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Москва и Вашингтон се наоѓаат на етапа на остро концептуално „размеѓување“ по прашањето за сириското регулирање, изјави во интервју за РИА „Новости“ заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Сега се наоѓаме на етапа на многу строго размеѓување со тие, кои, како постојаниот претставник на САД во ООН, се обидуваат да морализираат без да имаат ни најмала основа за тоа. Во што е парадоксот: тие ги обвинуваат другите за тоа што не го направиле, и притоа страдаат од невозможноста да ги постигнат целите кои, според сѐ, се идентични на понатамошно умножување на трагедиите на другите луѓе“, истакна Рјабков, одговарајќи на прашање за соработката меѓу Русија и САД за Сирија.

Според дипломатот, „нема многу луѓе кои се способни за тоа, но сега сцени од таков вид гледаме речиси секој ден во Советот за безбедност“ на ООН.

„Тоа е голема траума и фундаментален проблем на американскиот естаблишмент во целина. Тие не можат да се променат и веќе, за среќа, не можат да го променат целиот свет под себе. Оттука настанува толку тежок емоционален фон, со кој мораме да си имаме работа“, додаде Рјабков.

Претходно државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека Вашингтон се наоѓа на границата на прекин на дискусиите со Москва за решавање на сирискиот конфликт. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изрази жалење во врска со „мошне неконструктивниот карактер“ на реториката што доаѓа од САД и потенцираше дека „Москва останува заинтересирана за соработка“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња