Борисов го обвинува Плевнелиев за влошување на односите со Русија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го обвини претседателот на земјата Росен Плевнелиев за влошување на односите со Русија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го обвини претседателот на земјата Росен Плевнелиев за влошување на односите со Русија.

„Неговата грешка се состоеше во тоа што, демонстрирајќи агресивна политика, тој ги расипа односите со Русија. Му го кажав тоа и лично, и јавно“, ги цитира агенцијата „Новините“ зборовите на бугарскиот премиер.

„Во моментов сметам дека со добрата волја што ја имам, претседателот Путин и премиерот Медведев, успеавме да ја регулираме ситуацијата“, додаде Борисов.

Претседателскиот мандат на Плевнелиев завршува за еден месец и тој нема намера повторно да се кандидира за таа функција.

Премиерот на Бугарија истакна дека следниот претседател на земјата треба да избере надворешнополитички курс кој ќе придонесе за одржување на добрите односи со сите земји.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња