Русија:Проблемот со бегалците не може да се реши само во формат на ЕУ

Проблемот може да се реши во рамките на ОН и ОБСЕ, смета шефот на руската делегација на есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ Андреј Климов.

Миграцискиот проблем не може да се реши само во формат на Европската унија, изјави за ТАСС шефот на руската делегација која учествува на есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Скопје, заменик-претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата на РФ за меѓународни прашања Андреј Климов.

„Од сето што е кажано на состанокот, 80% беше посветено на прашањата на миграциската криза“, изјави Климов. „Притоа делегациите од земјите-членки на ЕУ изнесоа став дека тоа е исклучително нивна тема“.

„Во врска со тоа морав да објаснам дека уште во 2009 година предупредував во Европскиот парламент дека, доколку ја бомбардираат Либија, тоа многу негативно ќе се одрази на миграциските текови, дека миграциите нагло ќе пораснат“, истакна Климов. „Проблемот со бегалците не може да се реши само во формат на ЕУ, но може да се реши во рамките на ОН и ОБСЕ“.

Притоа шефот на руската делегација додаде дека „сличен став застапуваат и Канаѓаните, истакнувајќи дека тоа е глобален проблем“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња