Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери имаа уште еден телефонски разговор доцна вечерта во саботата во текот на кој дискутираа за ситуацијата во Алепо, како и работата во Советот за безбедност на ООН за севернокорејскиот проблем, се вели во соопштението објавено во неделата на сајтот на МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.
„Се разгледуваа можни заеднички чекори за нормализација на ситуацијата во Алепо, како и работата во СБ ООН за севернокорејскиот проблем и одделни аспекти на билатералните односи“, се вели во соопштението.
Во саботата беше соопштено дека Лавров и Кери разговарале телефонски за ситуацијата во Сирија, вклучително и за можноста од нормализација на ситуацијата околу Алепо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче