Русија од 1 октомври ќе претседава со Советот за безбедност на ООН. Овој месец може да заврши и процесот за избор на нов генерален секретар на ООН.
Првата седница на Советот за безбедност ќе се одржи в понеделник, 3 октомври, кога ќе биде договорена програмата за работа за еден месец.
Во моментов, како што изјавија за РИА „Новости“ од постојаното претставништво на Русија при ООН, планирани се околу 20 седници. Основни теми, со кои Советот ќе се зафати во октомври, ќе бидат конфликтите во Африка: ситуациите во судански Дарфур, во Демократска република Конго, Мали, Централноафриканската Република, Јужен Судан, како и блискоисточната проблематика: Сирија, Либан и Јемен. Кварталните отворени дебати за блискоисточното регулирање се планирани за 19 октомври.
Исто така, на 25 октомври во формат на отворена дебата ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар на ООН на тема „Жените, светот и безбедноста“.
„Централен настан на руското претседавање ќе бидат дебатите на 28 октомври за соработката на ООН со регионалните организации: Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Шангајската организација за соработка (ШОС) и Заедницата на независни држави (ЗНД)“, истакнаа од руската дипломатска мисија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче