Инфлацијата во Русија на крајот на оваа година може да падне до рекордно ниско ниво, а на почетокот на следната ќе почне да расте БДП-то. Ваква прогноза даде рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервјуто за емисијата „Неделно време“ од кое дел беше прикажан во програмата во саботата, пренесува ТАСС.
„Можеби на крајот на годината ќе постигнеме најниска стапка на инфлација во целата понова историја, што овозможува да се смета и на на понатамошен економски развој“, изјави тој.
„Поаѓаме од тоа дека на крајот на годината негативните трендови кои се формираа во текот на изминатите две-три години самите се исцрпија и благодарение на мерките кои владата ги презеде, и благодарение на општата економска ситуација“, истакна премиерот на РФ. „И на почетокот на следната година ќе постигнеме релативно мали параметри на економски раст“, додаде тој.
Медведев истакна дека другите макроекономски услови во Руската Федерација „не се лоши“. „Имаме низок јавен долг. Ова е многу важно за земјата да се чувствува удобно. Имаме големи количини девизни резерви кои можат да се споредат со првите десет земји во светот. Кај нас се намали инфлацијата. Односно, порастот на цените не е толкав каков што беше последниве децении“, објасни премиерот на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче