Кери: Русите ме надмудрија во Сирија

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека „Русите го надмудриле“ во сириското прашање, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на 40-минутна аудио-снимка направена на маргините на Генералното собрание на ОН.

Според пишувањето на „Њујорк Тајмс“, состанокот на шефот на американската дипломатија со дваесетина претставници на сириски граѓански организации, како и дипломати од 3-4 земји е одржана на 22 септември, неколку дена по истекот на рокот за прекин на огнот меѓу владините сили и опозицијата во Сирија. Весникот пишува дека Кери неколкупати се пожалил на тоа дека неговата позиција во однос на сириското прашање „не беше потпомогната со сериозно воено решение на конфликтот“.

„Неговото разочарување и одбивањето на Белата куќа не е никаква тајна, но на снимката Кери отворено се жали дека Русите го надмудриле, изразува несогласување со одлуката на Обама и изјавува дека Конгресот никогаш не се согласил на употреба на сила“, тврди весникот. „Ние се обидуваме да ги вршиме работите на дипломатски начин и тоа е срамота. Никој не е  поразочаран од нас“, ги наведува весникот зборовите на шефот на Стејт департментот.

Како што пишува „Њујорк Тајмс“, Кери ги „изненади Сиријците кои седеа на масата кога ги посоветува да учествуваат во изборите, вклучувајќи го и Башар Асад“, додека една година претходно Барак Обама бараше од него да поднесе оставка.

Кери ги изненадил соговорниците со признанието дека САД немаат легални основи да ја напаѓаат владата на Асад, затоа што руските сили се наоѓаат во Сирија по покана на властите.

Весникот пишува дека учесниците на средбата си заминале убедени дека не треба да очекуваат понатамошна помош од Белата куќа.

Весникот тврди дека автентичноста на аудио-снимката е потврдена од неколку учесници на состанокот. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби не ја негираше нејзината автентичност.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња