Стејт департментот ја објасни изјавата за можни терористички напади во РФ

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби објасни на што алудирал кога ја даде изјавата за евентуални терористички напади во Русија.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби објасни на што мислел кога зборуваше за можни терористички напади во Русија доколку ситуацијата во Сирија продолжи да се влошува. Стенограмите од брифингот што се одржа на 29 септември се објавени на сајтот на дипломатскиот ресор на САД.

„Видов изјави за тоа дека јас наводно сум се обидувал да поттикнам тероризам. И тоа не е вистина. Јас воопшто не се обидував да го изјавам тоа“, потенцираше Кирби.

Тој изјави дека, говорејќи за последиците за Русија, не сакал никому да се заканува. „Тоа беа факти. И тоа не нови факти; за тоа веќе имаме зборувано. Прашањето беше: „Какви последици ја очекуваат Русија во случај на несериозен пристап кон исполнувањето на своите обврски?“ И јас реков дека државниот секретар (Џон Кери) претходно има кажано многупати – ќе има повеќе војна, повеќе крвопролевање“, појасни портпаролот на Стејт департментот, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња