Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров одби да се извини за несреќата со авионот МН17 во врска со извештајот на меѓународната комисија, во кој се наведува дека ракетниот систем „Бук“, со чија ракета е соборен авионот, стигнал во Донбас од Русија и дека потоа е вратен назад.
„За што да се извиниме?”, го праша тој новинарот на Би-Би-Си Стивен Сакур кој му предложи да се извини за информациите кои се објавени во извештајот.
Според министерот Лавров, Русија планира да ги почека финалните резултати од истрагата, затоа што таа сѐ уште не е завршена. „Постојат сто имиња кои се споменуваат во истрагата, но тие засега не се дури ни осомничени“, додаде тој, пренесува Би-Би-Си.
Лавров изјави дека Русија објавила и ѝ доставила на комисијата голем број информации за соборувањето на авионот, но нема добиена реакција. Министерот исто така наведува дека сепак, информациите кои комисијата ги доби од Украина и САД и кои ги зеде предвид не се објавени.
Претходно сличен став изнесе и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој учествуваше во емисијата на Би-Би-Си HARDtalk. Песков тогаш рече дека Русија не смета дека заклучоците на комисијата се „конечната вистина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче