Русија се залага за засилена координација со САД за Сирија

Русија е за координација со САД за Сирија, но Вашингтон има различен став околу тоа, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов.

Москва се залага за засилување на координацијата со САД за сириското решение и борбата со тероризмот, но проблемот е во ставот на Вашингтон, изјави во петокот заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов.

„Ние секогаш зборуваме дека треба да ја засилиме координацијата, а некои во САД велат дека не треба да го правиме тоа. И има – веќе сите го сметаат тоа за очигледно –веројатно, некакви различни пристапи кај Американците, на нивната страна: меѓу Стејт департментот, меѓу Пентагон, меѓу ЦИА. Некои ја разбираат неопходноста од координација со нас, вклучително и по воена линија. Некои велат дека не треба да го прават тоа... Проблемот е на американска страна, не на нашата“, изјави Богданов во интервју за РТ, пренесува РИА „Новости“.

Притоа тој истакна дека руската страна од самиот почеток се залагала „за многу предметна и тесна координација на нашите дејствија против терористите“. „И тука (се залагавме) не само против терористите, туку и во целина за работата, насочена кон политичко регулирање на сириската криза која започна пред 5 години. И за тоа имаме основа и секогаш кажуваме дека таа основа треба многу јасно да се почитува“, додаде Богданов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња