МНР РФ: Откажување од соработката со Русија ќе биде подарок за терористите

Доколку САД се откажат од соработката со Русија, тоа ќе значи дека Белата куќа ги зела терористите под своја закрила, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Ако Вашингтон се откаже од соработката со Москва во борбата против тероризмот во Сирија, тоа ќе биде најдобриот подарок за терористите, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.  

Како што изјави таа, „доколку заканите кои можат да се слушнат од Вашингтон за прекин на соработката се претворат во готови одлуки, тогаш веќе нема да има сомнежи: Белата куќа ги зела терористите под своја закрила и терористите можат да слават“.

Захарова исто така ја коментираше и изјавата на Саманта Пауер. Претходно специјалниот пратеник на САД во ОН рече дека дејствијата на Сирија и Русија се „подарок за терористите од ИД и „Џебхат ан-Нусра“. Според Пауер, нивните дејствија „предизвикуваат голем бран бегалци и радикализација“:

Портпаролката на руската дипломатија потсетува дека Вашингтон долго време негираше дека во Сирија има терористи. „Според мислењето на американските колеги, таму немаше терористи. Светот за „Исламската држава на Ирак и Левант“ и за другите терористички организации во Сирија дозна од руски претставници. Сега американските експерти масовно ги користат овие називи и уште и ја обвинуваат Русија дека го поттикнува тероризмот“, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња