„Аерофлот” подготвува договор за купување 50 авиони МС-21 и 20 авиони „Сухој Суперџет 100“, соопшти директорот на компанијата Виталиј Савелев на состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин.
„Сега сме во фаза на разработка на договорот за дополнителни 20 авиони „Сухој Суперџет“ и работиме на договор за авионите МС-21, се работи за 50 авиони”, изјави Савелев, пренесува „Взгљад”.
Тој додаде дека 20 авиони ССЏ компанијата најверојатно ќе ги добие веќе 2017-2018 година, ако тоа го овозможат капацитетите на компанијата „Цивилни авиони Сухој”. Савелев истакна дека флотата на „Аерофлот” и понатаму е најмлада на светот и дека просечната старост на авионите е 4,3 години.
„Нашата флота, меѓу другото, ја сочинуваат и авиони од домашно производство, имаме 30 авиони „Сухој Суперџет“ и флотата нема радикално да се менува, т.е. имаме и авиони за далечни летови и за кратки летови“, истакна директорот на „Аерофлот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче