САД ѝ ветуваат на Русија „последици” поради пропаста на планот за Сирија

„Ако не биде реализиран планот А, режимот на Сирија и Русија ќе ги почувствуваат последиците“, рече првиот заменик-државен секретар на САД Ентони Блинкен.

Првиот заменик-државен секретар на САД Ентони Блинкен изјави дека Русија и властите на Сирија ќе трпат „последици” ако мировниот план А не биде реализиран.

Блинкен на расправа во Сенатот претрпе критика, затоа што Стејт департментот нема план Б за Сирија. „Ако не биде реализиран планот А, режимот на Сирија и Русија ќе ги почувствуваат последиците“, рече Блинкен, пренесува „Взгљад”.

Според него, деталите на акцијата на САД се разработуваат и можат да бидат обелоденети во најскоро време.

Како што претходно соопшти МНР РФ, заканите дека против Русија ќе бидат воведени санкции поради Сирија се апсолутна бесмислица и се наменети за луѓето кои не ја познаваат ситуацијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња