Како што изјави Бренан, Русија е „противник во цела низа сфери“. Според него, Русија „се однесува многу агресивно во надворешнополитичката насока“, пренесува „Взгљад“.
„Тие се исто така многу агресивни во кибер-сферата. Така што, мислам, треба да бидеме многу внимателни во однос на она што можат да го прават Русите“, изјави шефот на ЦИА.
„Сметам дека треба да покажеме претпазливост по повод на она дали треба да им се верува на некои работи кои тие јавно ги изјавуваат и дали се откажуваат од некаква активност која тие имаа намера да ја прават“, додаде Бренан.
Директорот на ЦИА исто така истакна: „Кога гледам што се случува во Сирија, тогаш многу сум иритиран и лут, затоа што Русите не ги исполнуваат своите обврски за вршење притисок врз сирискиот режим, за да го натераат да ги прекине чудовишните бомбардирања на невините мажи, жени и деца во места како што е Алепо“.
Претходно во средата државниот секретар на САД Џон Кери во телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека САД се подготвуваат да ја прекина соработката со Русија за Сирија.
Лавров, од своја страна, „повторно укажа на тоа дека цела редица антивладини формации кои Вашингтон ги нарекува „умерени“, не само што одби да го почитува руско-американскиот договор од 9 септември за зацврстување на примирјето и зајакнување и обезбедување хуманитарен пристап, туку и се спојува со „Џебхат ан-Нусра“, продолжувајќи ги борбените дејствија против сириската армија рамо до рамо со таа единица на „Ал Каеда“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче