Компанијата „Тајбер“ ги заврши испитувањата на еколошкиот беспилотен хеликоптер, соопшти прес-службата на претпријатието во четвртокот, пренесува РИА „Новости“.
„Компанијата „Тајбер“ заврши со тест-летовите на системот „Геодезија-ВЕ“ (Геодезия-ВЭ) со беспилотен хеликоптер со автоматско полетување и слетување TБ-20E (ТБ-20Э), опремен со електричен погон. Електрохеликоптерот е дизајниран за вршење мисии со цивилни и со двојна намена“, се вели во соопштението.
Беспилотниот хеликоптер со електричен мотор е способен да полета на височина до 6000 метри со времетраење на летот - 2 часа со брзина до 90 км/ч.
Бесшумноста на леталото овозможува да се користи за извидување и набљудување. TБ-20E е во состојба да работи на далечина до 50 километри со видеопренос во реално време.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче