„Во целина, ние со жалење го констатираме мошне неконструктивниот карактер на реториката која се слуша од Вашингтон последниве денови. Москва ја задржува заинтересираноста за соработка со Вашингтон и со цел реализација на договорот кој беше склучен со пакетот документи и за зголемување на ефикасноста на борбата со терористите во Сирија“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за тоа како Москва планира понатаму да ја гради соработката со Вашингтон во однос на последните изјави на Стејт департментот, пренесува „Взгљад“.
„Притоа Москва, се разбира, се надева дека сепак оние обврски кои Вашингтон ги презеде на себе ќе се реализираат, но засега не се реализираат“, додаде тој.
„Што се однесува до конкретната изјава на портпаролот на Стејт департментот, таа е доволно несмасна“, потенцираше портпаролот на Кремљ.
Песков исто така изјави дека САД ја маскираат неспособноста да ги исполнат своите обврски за Сирија со неодржливи обвинувања за сите смртни гревови на адреса на Русија.
И заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков ги коментираше изјавите на Стејт департментот.
„Ова не е првпат да настане ситуација кога мора да ги наречеме нештата со свое име, коментирајќи го и оценувајќи го тоа што доаѓа од Вашингтон. Вчера повторно се случи определен емоционален крах поради неподготвеноста на администрацијата на Обама да го исполни својот дел од договорот, кој бараше многу работа и големи напори на разни институции, пред сѐ, на нашето Министерство за одбрана и, се разбира, значителни напори на министерот Лавров. Се слушнаа неприфатливи закани, обиди да нѐ стават во положба да се правдаме, се слушнаа ултиматуми“, изјави Рјабков.
Според него, „тоа не е јазикот на кој може да се разговара со Русија, а во суштина, ако се заслушате во она што го кажуваат нашите американски колеги, вклучително и официјалните претставници, доаѓате до заклучок дека тие ја тераат водата на воденицата на терористите“, заклучи Рјабков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче