Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите руски државјани кои живеат или се наоѓаат во странство на 30 септември да не посетуваат јавни места поради неодамна примените закани, се наведува во официјалното соопштение на рускиот дипломатски ресор.
„Москва укажува на повиците на низа организации, меѓу кои се и исламските, на 30 септември, поврзано со петок како ден за молитва, да се одржи таканаречен „Светски ден на гнев и протест“ против новата фаза на борбените дејствија во Алепо. Не е исклучена можноста на ваков ден да се искористат екстремистичките елементи во некои земји за напади врз Русија и провоцирање на нејзините граѓани“, се наведува во соопштението на сајтот на МНР РФ, пренесува „Взгљад”.
„Затоа им советуваме на руските државјани кои се наоѓаат или живеат во странство утре да применат разумни мерки на претпазливост и да не посетуваат места на кои „гневот и протестот“ можат да бидат насочени против нивното достоинство и безбедност“, додава надворешнополитичкиот ресор на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче