Медиум: Вреди ли да се убедува евроатлантскиот Гебелс?

Во приказната околу вчерашниот „Прелиминарен извештај на меѓународната комисија за соборениот авион МН17“ вчудовидува реакцијата и на руските патриотски медиуми и официјални лица, пишува аналитичар на порталот „На линија“ (На Линии).

Истрагата секако не го смени своето мислење базирано на аргументите кои се наведуваа од самиот почеток. Иследниците од Холандија, Белгија, Украина, Малезија и Австралија тврдат дека ракета од серијата 9М38 е истрелана од ракетен систем „Бук“. И дека точното место на лансирањето е во близина на Првомајск.  Дека системот „Бук“ бил довезен од Русија и потоа вратен во Русија: а како доказ повторно ја покажуваат фотографијата која одамна кружи на интернет и која исто така е одамна прогласена за лажна, пишува аналитичарот на порталот „На Линија“ Дмитриј Лекух.

Тоа и се очекуваше, додава тој. А неочекувано е да се слушне за Русија: „па како можеа“.

„Тоа прашање се поставува после сѐ, и по лажната епрувета што ја држеше во раце Колин Пауел и која послужи како причина за инвазијата на Ирак, по „забранетата зона за летање над бомбардираната Либија, по истрагата на WADA, онаа иста организација која дозволува да се освои олимписко злато на амфетамини, по наводното руско бомбардирање на хуманитарниот конвој во Алепо“.

„А што друго очекувавте“, се прашува Лекух. „Против нас поведоа војна. Таква каква што знаат. И војната ја водат не некои власти на САД или раководството на НАТО земјите. Против нас води хибридна војна сојузот на атлантските сили кој сака да завладее со светот.

И сосем е бесмислено да се постави прашањето, а каде ви се доказите? Колин Пауел остана почитуван и авторитетен политичар и откако Садам Хусеин беше обесен. Никого не треба да убедувате, треба едноставно да го објавувате „своето“ и да си одите мирно понатаму, затоа што нѐ бранат не нашата правда, туку нуклеарните сили, па и реалниот сектор на нашата економија, кој почна, фала му на бога, да добива реална поддршка.

И тоа е сѐ.  

Во војната што се води е невозможно да ги убедите противникот во било што, да му ги претставите вистинските докази. Цел свет знаеше дека Пауел оворено и глупаво лажеше, и што понатаму? Противникот во војна можете сами да го победите, таква е природата на војната.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња