Според зборовите на Кери, соработката ќе престане доколку Русија не ја запре офанзивата на сириските владини сили во Алепо и не преземе чекори за обнова на примирјето. Притоа Кери изјави дека можниот прекин на соработката за Сирија го вклучува Центарот за помирување на спротивставените страни, пренесува „Взгљад“.
Кери исто така му соопштил на Лавров дека ја смета Русија за одговорна за примената на запаливи и противбункерски бомби во Сирија.
Претходно извор во МНР РФ соопшти дека информациите дека Русија и САД наводно ги прекинале контактите за сириското решение се невистинити.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче