Иследниците не коментираат дека Русија е вмешана во уривањето на МН17

Тимот што ја спроведува истрагата се надева дека одговорните за уривањето на МН17 ќе одговараат за своето дело.

Членовите на меѓународна група за истрага, кои ги презентираа своите наоди за уривањето на авионот МН17 на 17 јули 2014 година во Донецката област, се надеваат дека виновниците за уривањето на авионот ќе одговараат пред лицето на правдата. Ова во средата, 28 септември, го соопшти „Ројтерс“.

Покрај тоа, тие ветија дека ќе ги разгледаат новите радарски податоци кои беа презентирани од страна на рускиот концерн „Алмаз-Антеј“, но истакнаа дека новите податоци нема да влијаат на конечниот заклучок, затоа што имаат веќе доволно други докази.

Истражната група не е подготвена да ја коментира вмешаноста на Русија или руски државјани во соборувањето на авионот. Сепак, ракетниот систем „Бук“ со кој бил соборен авионот, бил довезен токму од територијата на РФ, а по уништувањето на авионот, бил веднаш вратен во РФ, сметаат експертите.

Претходно се дозна дека иследниците идентификувале околу 100 луѓе кои може да се сметаат за виновни, но сѐ уште не се подготвени да ги откријат нивните имиња или националноста.

Во понеделникот, 26 септември, претставници на Министерството за одбрана на Русија, Воздушно-космичките сили на Русија и ВКО „Алмаз-Антеј“ соопштија дека рускиот радар не регистрирал во реонот на падот на МХ17 туѓи објекти кои би можеле да бидат причина за уништувањето на авионот. Притоа во реонот на катастрофата работел радарскиот систем на Украина, пишува „Лента.ру“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња