Абе соопшти на кој начин планира да ги врати четирите Курилски острови

Токио интензивно настојува да развие дијалог со Русија за да ги добие четирите јужни Курилски острови и да склучи мировен договор, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе.

„Мислиме интензивно да водиме преговори со руската страна за, развивајќи ги односите во најширок круг на сфери, вклучувајќи ја и економијата, да го решиме прашањето за враќање на четирите острови и да склучиме мировен договор, изјави премиерот Шинзо Абе одговарајќи на пратенички прашања.

Како што изјави јапонскиот премиер, во декември на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во префектурата Јамагута тој планира да ги разгледа тие прашања „во мирна атмосфера“.

На почетокот на септември Абе во Владивосток на Источниот форум зборуваше за соработката и потребата за „отпочнување нова епоха на јапонско-руските односи“, пишува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња