Трамп: Нуклеарниот потенцијал на РФ е супериорен во однос на американскиот

Русија има поголеми потенцијали во нуклеарната и воената сфера до САД, изјави републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп во текот на првата телевизиска дебата во пресрет на претседателските избори закажани за осми ноември.

Нуклеарниот арсенал на Русија е понов од американскиот, потенцијалите на САД се застарени, изјави републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп во текот на телевизискиот дуел со кандидатката од Демократската партија.

„Русија ги проширува своите потенцијали. Нивните арсенали се многу понови од нашите, ние нашите не ги обновуваме“, изјави тој.

„Кога станува збор за загриженоста во нуклеарната сфера, се согласувам“, рече Трамп, „тоа е единствената сериозна закана за нашата земја“. Притоа тој истакна дека е против тоа под „нуклеарниот чадор“ на САД да се наоѓаат земји кои на Америка не ѝ нудат ништо за возврат.

„Ние ја штитиме Јапонија, ја штитиме Германија, ја штитиме Јужна Кореја. Ние пружаме огромни услуги, но трпиме грандиозни загуби“, рече Трамп.

„Тие ќе мораат или самите да се штитат, или да ни дадат нешто за возврат“, изјави Трамп, пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња