Хипермаркетот „Амбар“, еден од најголемите трговски центри во Самара .Извор: Alamy / Legion-Media
Самара го зазеде третото место во рејтингот на европските градови со население поголемо од еден милион луѓе и со најдобро обезбеден квалитет на малопродажниот простор, пишува „Лента.ру“ повикувајќи се на истражувањето на компанијата за консталтинг Најт Френк (Knight Frank). Во Топ 10 исто така влегоа и Санкт Петербург (4 место), Екатеринбург (5 место), Нижни Новгород (8 место) и Москва (10), претекнувајќи ги популарните меѓу купувачите Милано и Париз.
На чело на листата е Варшава, каде на илјада жители има 823 квадратни метри малопродажен простор. На второ место е Мадрид со 726 метри. Според податоците на аналитичарите, во Самара на секои илјада жители има 551 квадратни метри квалитетен малопродажен простор. Париз, Милано и Лондон, каде традиционално се упатуваат купувачите, не влегоа меѓу првите десет, туку се најдоа на листата на 11, 13, односно на 23 место.
Аналитичарите на „Најт Френк“ истакнуваат дека Москва, која се најде на 10 место на рејтингот, во наредните три години може да влезе меѓу првите 5 европски градови според степенот на развој на трговската инфраструктура.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче