„Русија и Северна Кореја – само тие две земји, кои и покрај тоа што се различни, стојат одвоено во современата нуклеарна ситуација“, изјави Картер на средба со војници во Северна Дакота, пренесува РИА „Новости“.
Според Картер, САД заедно со сојузниците во НАТО се стремат „да ја одвратат Русија од мислата за употреба на нуклеарното оружје“.
„Последното ѕвечкање со оружјето од страна на Москва и создавањето нови нуклеарни системи предизвикува сериозни прашања за нејзината приврзаност како лидер на стратешката стабилност кон почитувањето на одамна воспоставените правила за примена на нуклеарното оружје“, истакна шефот на Пентагон.
Американскиот министер потенцираше дека САД не бараат поводи за започнување конфликти, туку се стремат „да ги спречат“.
Картер исто таа изјави дека и Северна Кореја предизвикува загриженост во САД и поради тоа Вашингтон распоредува систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја.
Според него, САД се подготвени да одбијат секаков напад врз себе или своите сојузници.
Зборувајќи за позитивниот развој на нуклеарните технологии, Картер ги спомена Индија и Кина, кои „се однесуваат одговорно и професионално“.
САД не очекуваат проблеми ниту од Иран, дополни американскиот министер за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче