Воената операција на руската авијација во Сирија ја ослаби терористичката организација „Исламска држава“ и овозможи кардинално да се промени претставата за рускиот воен потенцијал, се вели во извештајот „Годишен извештај за меѓународната ситуација“ (Strategic Survey 2016: The Annual Review of World Affairs) што го објави Меѓународниот институт за стратешки истражувања во Лондон.
„Интервенцијата на Москва постигна неколку цели. Бомбардирањето ги осуети обидите за смена на режимот, што беше цел на опозициските групи, на некои земји кои граничат со Сирија и некои елементи во западните влади. Воената кампања ги донесе сите учесници на конфликтот на преговарачка маса каде што Москва ги диктира условите“, се вели во текстот на извештајот, пренесува „Взгљад”.
Во извештајот се истакнува дека потезите на руската авијација „ги ослабија ИД и другите екстремистички организации“. „Освен тоа, интервенцијата доведе до кардинални промени во регионалните и глобалните претстави за статусот на Русија како суперсила за нејзиниот воен потенцијал. Тоа направи Русија да стане клучна надворешна сила на Блискиот Исток, иако нејзините амбиции се поскромни во споредба со САД“, се вели во истражувањето.
Руската операција во Сирија почна кон крајот на септември 2015 година и траеше пет месеци. Во текот на кампањата на руските Воздушно-космички сили извршија над 9 илјади летови, уништија инфраструктурни објекти на „Исламската држава“, како и објекти за експлоатација, преработка и транспорт на нафта.
На сириска територија и понатаму се активни две руски бази: на аеродромот „Хмејмим“ и во Тартус. Руските војници и понатаму учествуваат во борбата против терористичките организации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче